Исчезнатиот стружанец пронајден починат

Од МВР соопштија дека вчера околу 11 часот на паркинг во авто-камп во Струга пронајден бил починат К.Н. (42) од селото Велешта, струшко.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Струга, а телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.