Исчезна чилеански воен авион со 38 лица

Чилеанското воено воздухопловство објави дека во понеделникот загубило радио врска со воен авион од типот „С-130“ во кој имало 38 лица, а кој полетал од Пунта Аренас на југот од земјата кон базата на Антарктик.

„Авионот C130 Hercules полета во 16,55 часот (20.55 по средноевропско време) од градот Пунта Аренас кој антакртичката база Претседател Едуардо Фреи“, соопшти чилеанската армија.

Контактот со авионот е изгубен околу еден час по полетувањето. Во авионот имало вкупно „38 лица, од кои 17 членови на екипажот и 21 патник“.

Според истиот извор, прогласена е узбуна и покрената операција за потрага и спасување во која учествуваат авиони и бродови на чилеанската воена морнарица.

Авионот кој полетал од базата „Чабунко“ во Пунта Аренас, над 3.000 километри од главниот град Сантијаго, извршувал логистички задачи. Пренесувал персонал кој требало да прегледа површински поморски нафтовод со кој се снабдувала базата на Антарктикот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.