Исчезна Мураховски, лекарот кој го лекуваше Навални во Сибир

Лекарот од Сибир кој го лекуваше рускиот опозициски лидер Алексеј Навални откако му се слоши минатата година во Русија, исчезна, соопшти денеска руската полиција.

Полицијата во регионот Омск, на околу 2.200 километри источно од Москва, соопшти дека лекарот Александар Мураховски ја напуштил ловната база во шумата во петокот со своето теренско возило и оттогаш не е виден. Служби за итни случаи, беспилотни летала, хеликоптер и доброволци се на терен во напорите за потрагата.

Мураховски беше главен лекар во болницата во сибирскиот град Омск, каде што се лекуваше Навални. Потоа беше унапреден во регионален министер за здравство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.