Исчезна пензионер од Пробиштип, боледува од депресија

Шеесет и седумгодишниот пензионер, Ѓорѓи Јованов од Пробиштип деновиве исчезнал.

Последен пат Ѓорѓи е виден на 4-ти мај во пробиштипската населба Калниште. Бил облечен во тегетни тренерки, тегетна блуза, тегетен џемпер, кремасто палто, бели патики и бело капче.

Ѓорѓи боледува од “Депресија манија”.

Семејството упати апел до граѓаните доколку го забележат Јованов да пријават во најблиската полициска станица.