Исчезна сестрата на лидерот на Северна Кореја

119

Каде се наоѓа сестрата на Ким Јонг Ун останува мистерија, додека се погласни се шпекулациите дека од неа се „ослободил“ родениот брат, кој е познат по егзекуцијата на конкурентите.

Ким Јо Јонг се шпекулира дека ја презема контролата врз Северна Кореја откако нејзиниот брат исчезна од очите на јавноста. Се шпекулираше дека е тешко болен, па дури и починал.

Сепак, сега е наведено дека Ким Јо Јонг е исчезната и дека ја нема повеќе од еден месец, пренесува британски „The Sun“.

Пред неколку дена низ целиот свет се појави веста дека Ким Јонг Ун е во кома и дека моќта треба да помине на неговата сестра.

Верната сестра на Ким стана се повеќе видлива за јавноста во последните неколку години и се веруваше дека таа е втората најмоќна личност во Северна Кореја.

Сепак, одеднаш, во јавноста почнаа да се појавуваат фотографии од мистериозниот лидер на земјата, во кои тој изгледа здраво. Го видовме на наводна средба со членови на партијата, но и на поле со пченка откако помина тајфунот.

Од друга страна, медиумите пренесуваат дека неговата сестра не била видена во јавноста од 27 јули, а многумина се сомневаат дека таа паднала во рацете на нејзиниот брат, кој е познат по егзекуцијата на неговите ривали.

Имено, чичкото на Ким, Јанг Сонг-Таек беше осуден на смрт и стрелан во 2013 година, а пред тоа беше опишан како де факто лидер кога почина таткото на Ким, Ким Јонг Ил.

Непотврдени извештаи објавија дека неговото семејство ја претрпело истата судбина откако Ким решил да ги расчисти сметките со ривалите.

Да потсетиме, сестрата на Ким Јонг Ун го придружуваше својот брат на важни настани во последните неколку години, како што е самитот меѓу САД и Северна Кореја во 2018 година во Сингапур.

Таа исто така беше првиот висок функционер што патуваше во Јужна Кореја за Зимските олимписки игри во 2018 година.

Медиумите објавија дека таа стои зад неодамнешното лансирање на Канцеларијата за врски меѓу двете Кореи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.