Шпанската полиција соопшти дека не успеала да го лоцира некогашниот венецуелски воен разузнавач генералот Уго Карвахал, чија екстрадиција ја бараат САД.
Некогашниот шеф на венецуелската шпионска агенција исчезна во Шпанија додека тамошните власти се обидуваа да го испорачаат на Вашингтон.
Медиумите во петокот пренесоа дека шпанскиот суд ја поништил претходно донесената одлука со која беше отфрлена американската потерница и на властите им наложи да продолжат со процедурата за негова екстрадиција.
Генералот Кравахал беше началник на венецуелската воена разузнавачка служба во време на владеењето на Уго Чавес.
САД го обвинуваат за шверц на дрога.