Исчезнатата четиригодишна Австралијка најдена по 18 дена

Четиригодишно девојченце кои исчезнало од камп во австралиската внатрешност пред повеќе од две седмции е пронајдено и е вратено на родителите откако полицијата го спасила од заклучена куќе, објавија властите во средата.

Полицијата провалила во куќа во Карнарвон, град околи 100 километри јужно од кампот, рано во средата утрото и ја пронашча Кело Смит во една од собите.

„Еден од полицајците ја зема во прегратка и ја праша како се вика. ‘Се викам Клео’, одговори“, изјави заменикот на полицискиот началник на сојузната држава Западна Австралија на локалната телевизија, додавајќи дека во врска со случајот е приведен еден маж.

Клео последен пат пред исчезнувањето била видена во шаторот на своето семејство околу 1,30 часот по локално време на 16-ти октомври во зафрлениот камп „Blowholes Shacks“ во Меклеуд, околу 900 километри од Перт, главниот град на Западна Австралија.

Австралиската полиција стравуваше дека девојченцето е грабнато и понуди милиони австралиски долари за секаква информација.

„Колку убав ден, ја вративме Клео на нејзините родители. Ове е прекрасен ден за ова девојченце и нејзиното прекрасно семејствио“, изјави директорот на полицијата на Западна Австралија, Крис Даувсон на прес-конференција.

Тим од 140 луѓе работел на случајот, а полицијата реагирала на повеќе од 1.000 дојави од граѓаните. Полицијата наведува дека се чини дека грабнувањето веројатно било опортунистичко и очекива дека обвинението ќе биде подигнато веќе подоцна во средата.

„Таа изгледа физички добро. Тоа беше евидентно од почетокот. Таа е многу мило, енергично девојче, многу доверливо и многу отворено кон нас“, изјави инспекторот од одделот за убиство Камерон Блејн кој бил меѓу четворицата кои го спасиле дететот од куќата и вели дека ова „без двоумење“ му е најдобриот момент во кариерата.

Австралискиот премиер Скот Морисон, исто така, ја поздрави „прекрасната, олеснувачка вест“. „Клео Смит е прионајдена. Дома е, здрава и безбедна. Нашите молитви се услишани“, напиша Морисон на Twitter.