Исчезнатата малолетничка пронајдена како танчерка во тетовски локал

МВР вчеравечер спроведе акција во два објекти во тетовско Жеровјане каде биле пронајдени вкупно единаесет танчарки, меѓу кои и малолетничка од земјава која била пријавена за исчезната.

Во угостителскиот објект „Ориентал АС“, сопственост на 25-годишниот Х.А од Боговиње, затекнати биле пет странски државјанки, од кои три од Бугарија и две од Србија, на возраст од 21 до 26 години, а кои биле ангажирани како танчерки. Петте странски државјанки се приведени и задржани во полициската станица Тетово, а потоа предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Во угостителскиот објект „Ловец“, сопственост на Ш.А ( 42 ) од Мала Речица затекнати се шест државјанки на Република Македонија, меѓу кои и една малотеничка од Скопје, која била пријавена како исчезнато лице, а која денеска предпладне им е предадена на нејзините родители.