Исчезнатиот во Атлантикот брод „Bourbon Rhode“ потонал

Бродот „Bourbon Rhode“, со главно украински екипаж, кој исчезнал во текот на невреме во четвртокот во Атлантскиот Океан – потонал, објавил во саботата вечерта сопственикот на пловилото.

„Потврдено е дека бродот потонал. Продолжува пребарувањето и потрагата во временски услови кои се подобруваат“, изјавил сопственикот на бродот за украинската агенција УНН:

Претходно во саботата беше објавено дека бродот „Bourbon Rhode“, чии членови на екипажот се државјани на Украина, а како што пренсува хрватската новинска агенција Hina според тамошното министерство за надворешни работи капетанот е веројатно хрватски државјанин, исчезнал за време на неврема во Атлантскиот Океан во четвртокот. тоа се случило на оддалеченост од околу 1.200 наутичко милји од Мартиник, прекуморската територија на Франција. Според медиумските извештаи, бродот пловел кон Џорџтаун во Гвајана од Канарските острави и западнал во циклон. Екипажот се состоел од 14 луѓе.

Сопственикот на бродот соопштил дека тројца од членовите на екипажот, од кои двајца се Украинци, биле спасени благодарение на авион на француската воена морнарица, кој бил испратен во зоната на потрагата. Членовите на екипажот биле најдени на чамец за спасување, и нив им се укажува помош, пренесуваат медиумите.

Спасувачите заедно со француската морнарица ги преземаат сите неопходнби мерки, вклучително и прелети над територијата над која се трага во кои се вклучил и авион на американскиот Национален центар за урагани, во потрага по луѓето. Многу трговски бродови во област го смениле курсот на пловењето за да се вклучат во спасувачката операција.