Исчистени коритата и косините на Вардар и Усјански канал

Согласно со Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2015 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“  спроведувaa активности за рачно чистење на косините и коритата  на реката Вардар и на Усјански канал.

Како што информираат од Град Скопје, екипите на ЈП„Улици и патишта“ во текот на изминатиот месец рачно ги чистеа  косините и коритото на реката Вардар од нискостеблеста вегетација.

Чистењето се спроведе на потегот од Луна Парк во правец кон мостот Гоце Делчев од двете страни на косините и на коритото во должина од 1.300 метри. Исто така, целосно се исчистени косините од двете страни, како и  коритото на реката Вардар на потегот од  мостот кај Холидеј ин до мостот на Железничка станица во должина 800 метри. Екипите на ЈП„Улици и патишта“ рачно исчистија од нискостеблеста вегетација вкупно 4.200 метри.

Рачно е исчистена нискостеблестата вегетацијата и на двете страни на косините на коритото на Усјанскиот канал на територијата на Општина Аеродром од улица Горно Лисиче до железничката пруга, во должина 680 метри, како и во Општина Кисела Вода од населбата Усје до железничката пруга во населбата Градинар, во должина од 1.135 метри.

Екипите на ЈП„Улици и патишта“ рачно исчистија  вкупно 3.630 метри од Усјанскиот канал  кои беа обраснати со густа вегетација .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.