Исечканиот Банкси продаден за рекордни 25 милиони долари на аукција во Лондон

14 October 2021.ALAGA EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

 

Делумно исеченото платно понудено како делото под назив „Љубов во канта“ во Лондон во четвртокот вечерта беше понудено на наддавање во Лондон од аукциската куќа Sotheby’s и беше проценето од пет до седум милиони евра, но на крајот ја достигна рекордната цена од 18,6 милиони фунти, односно 25,4 милиони американски долари.

Со тоа платената сума за делото е речиси 18 пати поголема отколку што плати претходниот сопственик за практично целосно уништениот експонат пред три години. Оригиналното дело беше продадено за речиси 1,36 милиони долари на истата локација во октомври 2018 година, кога драматично во уметнички перформанс мина низ секач сокриен во рамката на сликата неколку моменти по завршувањето на наддавањето.

Делумно исеченото платно прикажува мало девојче кое пружа раце кон балон во форма на срце. Пред три години „Девојчето со балон“ беше продадена за 1,36 милиони долари и веднаш по последниот удар на аукцискиот чекан се активираше уништувач за хартија сокриен во дното од рамката која ја сечеше сликата на мали ленти. Според експертите, цената на неговите дела со ова само се зголеми.

Тогаш, скриениот секач во одреден момент се расипа, така што половина од сликата остана сочуван од сечилата. Тогашниот сопственик, кој според Sotheby’s, кој долго време ги собирал делата на Банкси, не го откажал договорот, туку веднаш го сменил името на цртежот.

Тоа беше последниот во низата непредвидливи потези на провокативниот британски мистериозен уличен уметник кој се затскрива зад едноставниот псевдоним Банкси, чии дела се појавуваат ширум Велика Британија и светот.

Оригиналот, кој првпат се појави на ѕид во источен Лондон, бескрајнo е репродуциран во печатот и на интернет, а го просвоија и некои од најпознатите светски бендови. Беше означен како едно од најзначајните уметнички дела од почетокот на XXI век во британскиот печат, пред исечканата верзија да добие нов сертификат и датим од телото за афтентикација на Банкси, и доби нов назив.

Алекс Бранчик, задолжен за современа уметност во Sotheby’s пред наддавањето во четвртокот рече дека трикот на Банкси на последната продажба „не го уништи уметничкото дело со сечкањето, туку создаде ново“.

Неговите последни дела неодамна се појавија во неколку британски приморски градови. Графитите на уметникот почнаа да се појавуваат на улиците на Бристол во југозападна Англија во 1980-те години. Во меѓувреме, во март годинава делото во чест на негователите во текот на пандемијата на коронавирусот на аукцијата донесе до пред последната аукција рекордни 16,76 милиони фунти или 23,17 милиони долари, кое го донираше на англиската Национална здравствена служба (NHS).

 

Значењето на опусот на Банкси

Делата на Банкси, кои покренуваа прашања за социјалната нееднаквост и лицемериот на властите, се многу популарни. Уметникот уште успева да го зачува својот вистински идентитет во тајност, а нокој освен неговите најбслиски соработници, не знае како то изгледа и како навистина се вика.

Во 2010 година Банкси го претстави документарниот филм „Излез преку продавница за сувенири“. Банкси сними и документарен филм „Направете ѕид!“ во кој зборува се својата работа, но неоткривајќи го лицето. Филмот во 2011 година беше номиниран за Оскар за најдобар документарен филм.

Графитот „Девојчето со балон“, кој е направен на матрица, се смета за едно од најпознатите дела на уметникот. Единствената копија од оваа слика на платно е насликана од самиот уметник во 2006 година. Пред наддавањето сликата беше проценета на вредност меѓу 250 и 400 илјади долари.

Британските општини инаку трошат илјадници фунти на одржување на неговите ѕидни дела а постигнуваат и високи цени на наддавањата на спротивниот брег од Атлантикот. Во февруари 2013 година познат графит на Банкси, графитот „Робска работа“ (Slave Labour), кој прикажува момче наведнато врз машина за декорирање на британски знамиња, кој се појави на ѕидот на една куќа во кварт во северен Лондон во мај 2012 година, предизвика негодувања на локалното население откако таинствено исчезна од ѕидот. Неколку дена подоцна графитот се појави на интернет страницата на аукциска куќа Fine Art Auctions Miami од Мајами и требаше да биде понуден на наддавање. Почетната цена беше 700 илјади долари. Исчезнувањето на графитот на Банкси, чиј идентитет не е познат и покрај неговата светска слава, предизвика бес меѓу локалните жители, па за враќање на графитот се заложи и локалниот совет на квартот Харингеј. Тој се обрати до англискиот Совет за култура соопштувајќи дека локалните жители се многу среќни поради повторната појава на цртежот на Банкси но и многу „шокирани“ дека тој е изложен на приватна аукција.

Инаку тоа не беше првпат графит на анонимниот но прославен урбан уметник под псевдоним Банкси да биде понудено на аукција. Така во септември 2012 година графитот на Банкси „Вини Пу“ од 2003 година беше понуден на аукција на урбана уметност во организација на аукциската куќа Bonhams којашто се одржи во Лос Анџелес, кој беше проценет на цена меѓу 50 и 80 илјади долари. Цртежот го прикажува познатиот лик на илустраторот Е.Х Шепард со нога фатена во стапица за мечки, призор кој инаку не припаѓа на вистинските епизоди за авантурите на малото меченце, иако во една од тие Вини Пу и Прасенцињата поставуваат стапица за Слончето.

Делото потекнува од Бристол, родниот град Банкси, а беше понудено на наддавањето заедно со сликите „Lenin on Rollerblades“ (Ленин на ролшуи) „Who Put the Revolution on Ice?“ (Кој ја стави револуцијата на мраз?), исто така од 2003 година, како и „Precision Bombing“ (Прецизно бомбардирање), едно од најпознатите и најпрепознатливи дела на Банкси, чија вредност се проценуваше тогаш меѓу 35 и 45 илјади долари. Меѓутоа, по големиот интерес што го покажаа во 2012 година калифорниските колекционери, цените на графитите на Банкси речиси десеткратно се зголемија.

Се претпоставува дека Банкси, кој својот идентитет љубоморно го држи во тајност, е роден во Бристол, југозападна Англија. Уметникот ги создава своите дела мешајќи го хуморот со критиката, така во Њу Орлеанс ги ослика ѕидовите по ураганот Катрин а на Западниот брег (на реката Јордан) ѕидот кој ги разделува Израелците и Палестинците.