Ишингер реагира зошто Гренел организира состанок на претставници на Белград и Приштина

Германскиот дипломат Волфганг Ишингер револтирано реагираше на Твитер поради тоа што Ричард Гренел организира состанок на претставници на Белград и Приштина на 27 јуни во Белата куќа без координација со Европската унија. Гренел одговори дека е потребна акција, а не само разговори.

„Во спротивност со ЕУ? Реакција од Берлин, Париз, Брисел? Што ако ЕУ преговара за длабоки и инклузивни области на слободна трговија со талибанците?“, напиша Ишингер.

Гренел одговори со прашање зошто Ишингер не и предложи на Европската унија да преземе чекори кон визна либерализација.

„Ги поздравуваме сите активности, а не само разговорите“, возврати Гренел, алудирајќи на неефикасноста на Европската унија во дијалогот и политиката за ова прашање воопшто.