ИСИС го одбројува времето до погубувањето на Томислав Салопек

ИСИС го одбројува времето до погубувањето на Томислав Салопек
ИСИС го одбројува времето до погубувањето на Томислав Салопек

Џихадистите од групацијата Исламска држава објавија дигитален часовник со кој се одбројува времето до истекот на рокот од 48 часа кој беше даден за киднапираниот Хрват, Томислав Салопек.

Имено, ИСИС бара египетските власти да ослободат група муслимански затворенички во замена за животот на Томислав Салопек. Рокот истекува во 17 часот и 35 минути по хрватско време.

„Мојот син само заработуваше за леб за своите деца“

Златко Салопек, таткото на Хрватот Томислав Салопек ги повикува киднаперите да го ослободат неговиот син.

„Ги повикувам луѓето кои го чуваат мојот син да го вратат на неговото семејство, бидејќи неговиот мотив да оди во нивната земја беше исклучиво заради леб за своите деца и ништо друго“, рекол Салопек за АФП, во семејната куќа во Врпоље.

Колкави се шансите Салопек да биде ослободен?

Се сомневам дека египетските власти ќе почнат да ги исполнуваат барањата на терористите, вели др. Иван Ивековиќ, долгогодишен професор на Американскиот универзитет во Каиро, за хрватски „Јутарњи“.

Во затворите во Египет се наоѓаат најмалку 40.000 зтвореници, а најмалку третина од нив се жени, во најголем дел муслиманки, вели професорот.

Терористите во видео снимката многу неодредно бараат во замена за животот на Томислав Салопек, од затвор да се пуштат „муслимански жени“. Медиумте шпекулираат дека се работи за 14 жени уапсени кон кракот на 2013 година и осудени на 11 години затвор, поради припадност на Муслиманското братство во Египет.

Џихадистите заробија Хрват и се закануваат дека ќе го убијат!

Нејасно барање

Ако навистина се работи за тие жени, тоа ја прави работата крајно нејасна, бидејќи организацијата на Исламскиот калифат, синајската организација, ни на кој било начин не е поврзана со Муслиманското братство, кои водат сопствена војна против египетската држава, вели Ивековиќ.

Поранешниот претседател на Египет, Мохамед Морси, кој е урнат во воен удар, бил кандидат на Муслиманското братство. По неговото симнување од власт, организацијата е прогласена за терористичка, лидерите се уапсени, некои од нив се во бегство, а и понатаму се апсат пониските структури на организацијата.

Не е јасно зошто синајската организација се залага за жените од Муслиманското братство, особено поради тоа што поединци од оваа организација кои избегале, упорно ги осудуваат акциите на ИСИЛ, вели професорот.

Тој се сомнева дека ќе се пронајде начин да се ослободи заробениот Хрват, бидејќи власта во Египет не е склона кон удоволување на барања од кој било. Тој истакнува дека во моментот им се суди на голем број новинари на „Ал Џезира“ и на други медиуми, од кои многу се странски државјани, поради обвинение дека во Египет организирале терористички келии.

 

 

Томислав Салопек кој работи во Египет за француска геолошка истражувачка компанија и кој воедно е сопруг и татко на две деца беше киднапиран на 22. јули од страна на синајскиот огранок на Исламска држава. Се верува дека тој е првиот странец кој милитантите во Египет го киднапирале и сега му се закануваат со смрт.