Исклучена струјата на филтер станицата во Делчево – градот без вода за пиење, оние кои имаат да ја користат како техничка

Центарот за управување со кризи во утринските извештај информира дека екипа на ЕВН ја прекина испораката на електрична енергија на филтер станицата и бунарските системи поради што ќе има прекин во водоснабдувањето од бунарите со што значително ќе се намали протокот на вода во Делчево и повисоките делови од градот нема да имаат вода.

Поради сериозната состојба со пожарите во околината на Делчево и потребата од континуирано снабдување на противпожарните единици со вода се апелира за рационално користење на водата.

-Поради тоа што има прекин на електричната енергија не се врши хлорирање на водата и истата не е исправна за пиење и може да се користи само како техничка вода. Поради брзото ширење на пожарот и неможноста да се локализира од ТППЕ Делчево и припадници на Армијата се оставени дежурни екипи, стои во извештајот на ЦУК.

Според најавите од раните утрински часови повторно ќе се интервенира на терен за гаснење на големите пожари.