Иско може да бира помеѓу Ливерпул, Милан и Севилја

Близок извор до таборот на актуелниот европски клупски шампион, Реал (М), откри дека клубот има добиено три официјални понуди за повремениот репрезентативец на Шпанија, Иско.

Поранешниот фудбалер на Малага имаше очајна минутажа во изминатата сезона и поради таквиот статус го загуби своето место кое го имаше во националниот тим и Мундијалот во Бразил мораше да го следи од пред малите телевизиски екрани.

„До сега, до овој момент, Реал (М) има добиено три официјални понуди за Иско. Станува збор идентични понуди, сите три клуба нудат едногодишна позајмица со опција договорот на Иско да биде откупен на крајот од сезоната за околу 15 мил. евра. Реал (М) доби понуда од Ливерпул, Милан и Севилја. Иско сака да остане на “Сантијаго Бернабеу”, сака да се бори за место во првиот тим, но со купувањето на Крос и најверојатно на Џејмс, шансите да има поголема минутажа во новата сезона се сведени на теорија”, изјави блискиот извор до таборот на Реал (М).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.