Ископан најголемиот розов дијамант пронајден во последните 300 години

дијамантот Раџ Пинк

Рудари во Ангола ископале редок чист розов дијамант за кој се верува дека е најголемиот пронајден во последните 300 години, објави во средата австралискиот оператор на рудникот.

Розевиот дијамант од 170 карати, наречен Луло Роуз, е откриен во рудникот Луло во североисточниот дел на земјата богат со дијаманти и е еден од најголемите розови дијаманти некогаш пронајдени, се вели во соопштението до инвеститорите на Lucapa Diamond Company.

„Историското“ откритие на дијамантот од типот IIa, еден од најретките и најчистите форми на природен камен, го поздрави владата на Ангола, која е и партнер во рудникот.

„Овој рекорден и спектакуларен розов дијамант ископан во Лулу продолжува да ја претставува Ангола како важен играч на светската сцена“, рече министерот за минерални ресурси на Ангола, Диамантино Азеведо.

Дијамантот ќе се продава на меѓународна аукција, веројатно по вртоглава цена.