Искористете ги субвенциите на Град Скопје за набавка на велосипед

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека може да ги искористат субвенциите за купување велосипед и да надоместат дел од трошоците направени при набавката на велосипедот. На јавниот повик што Градот Скопје го распиша на 11.03.2019 година досега се пријавиле околу 1.600 граѓани, што е речиси половина од бројот на планираните субвенции. Оваа поволност граѓаните на Скопје ќе можат да ја искористат заклучно со 30.06.2019 година.

Имено, на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик (11.03.2019 година), а заклучно со 30.06.2019 година, Градот Скопје ќе им надомести дел од трошоците направени при купување велосипед. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Барателот треба да ги исполни следниве услови – да е жител на Град Скопје (во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари); подносителот на барањето досега да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од Град Скопје и велосипедот да го купи од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање субвенција за купување еден велосипед.

Целта на повикот на Град Скопје е да ги стимулира граѓаните да користат велосипед во секојдневното движење, како превозно средство кое е финансиски достапно, економски исплатливо и еколошко, зашто придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, како и за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух.

href=”http://skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%20%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%202019.pdf”>Целиот јавен повик граѓаните можат да го видат на следната Интернет врска  www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен%20повик%20Велосипеди%202019.pdf

Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат во Архивата на Град Скопје, булевар Илинден број 82, секој работен ден од 9 до 15 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.