Искричења меѓу Алијанса и Дури за ситуацијата во Синичане

194

Со тоа што полицијата е се уште присутна кај граѓаните кои протестираат за проблемот со водата за пиење во Синичане покажавме дека сме полициска држава со наредбите на Нухиу кој е од ДУИ, изјави претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

Села ја повика меѓународната заедница да се вклучи со помош за решавање на проблемот, и тврди дека проблемот се појавил како последица од бизнис интересите на политичари од ДУИ кои сакаат наместо вода за пиење на граѓаните да изградат хидроцентрали

„Полицијата ги штити интересите на граѓаните, а не е за партиски интереси“, одговори на обвинувањата министерот за внатрешни работи Агим Нухиу отфрлајќи ги сите обвинувања и критики.

Му одговори на Села дека од неговата партија се занимаваат со емотивни квалификации и предрасуди, кои, како што рече, се далеку од реалноста.

„Моето правно образование не ми дозволува да се мешам за партиски интереси. Полицијата нема партиски бои. Полицијата ќе биде на ниво на задачата за да го заштити животот на сите граѓани, за да го елиминира секаков обид кој ја загрозува јавната безбедност“, истакна Нухиу.

Настаните во Синичане и Боговиње, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, ги нарече обид на градоначалникот Аљбон Џемаили да манипулира со жителите на Синичане, да ја вмеша полицијата, а самиот да излезе чист, прикривајќи ја неспособноста за реализирање на проекти.

Меѓусебните обвинувања следуваат откако претходно од средата група локални жители се обидуваат да дојдат до местото каде што се предвидува градба на водоснабдителен систем, но полициски службеници ги спречуваа во тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.