Искршени вратите на објектот на Инфоцентарот на ЕУ и на Министерството за економија

Во скопската полиција рано утрото во петокот се пријавени два случаи на вандализам на официјални службени објекти во централното градско подрачје, едниот на Инфоцентарот на Европската унија а вториот на Министерството за економија и неговот службено возило

Во СВР Скопје ноќеска во 04,20 часот било пријавено дека на булеварот „свети Кирил и Методиј“, 22-годишниот Д.А. од Скопје со употреба на физичка сила извршил оштетување на две стаклени врати на објектот во кој то е сместен Инфоцентарот на Европска унија.

Од МВР информираат дека тој бил приведен во Полициската станица Центар и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Подоцна, околу 6,40 часот полициски службеник за внатрешно обезбедување на Министерството за економија пријавил дека предходно околу 4 часот на улицата „Јуриј Гагарин“ непознато лице ја искршил стаклената влезна врата на министерството.

Пријавено е и оштетување на ретровизорот на возило „поло“, паркирано пред зградата на министерството.

Од СВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.