Ислами и Ивановски најдобри според атлетската федерација

Традиционално и годинава на свечена церемонија беа врачени признанијата за најуспешните во атлетскиот спорт за 2021 година. На манифестацијата во Дојран се собра најдоброто од македонската „кралица на спортовите“.

Најдобри во категорија сениори:
Дрита Ислами (Работнички)
Дарио Ивановски (Делта)

Најдобри во категорија младинци:
Михаела Лазаровска (Центар)
Адриан Исмаили (Камјани)

Најдобри во категорија млади младинци:
Ана Божиновска (Центар)
Владимир Сол Б. Битољану (Работнички)

Најдобри во категорија пионери:
Снежана Туневска (Работнички)
Брајан Авија (7 мај)

Најдобри во категорија млади пионери :
Јумна Фетаху (7 мај)
Марко Атанасовски (Работнички)

Најуспешен атлетски клуб за 2021 година: АК Делта – Скопје 

Признание за особен придонес во атлетскиот спорт за 2021 година кои ги доделува Европската Атлетика : 
– Рахман Алија – АК Лирија – Скопје (тренер )
– Марија Стојановска – АК Делта  – Скопје (тренер)
– Александра Војнеска Зикова (за придонес во развој на федерацијата)
– Ана Крстевска (жена лидер на Европа)