Исламисти дивеат по светот

Крвава кампања на исламските терористи зафатила неколку земји, а жртви на масакрот се бројат на илјадници.

Серија на злосторства во Ирак, Сирија, Кенија и Нигерија, пропратени со грозморни снимки на унакажани тела на куп, создаде паника меѓу цивилите.

Фактот дека терористите имаат непречен пристап на друштвените мрежи, кои радо ги користат за да се „пофалат“ со своите монструозни злосторства, прави недолжните граѓани уште повеќе да се плашат за својата безбедност, прашувајќи се се дали баш тие ќе бидат следни.

„Бруталните дела за кои говориме, за жал, не се голема новост, но нивните сторители сега користат нови канали на комуникација за да докажат дека масакрите го обиколуваат светот. Таквите слик служат како предупредување за другите, но и како моќна алатка за регрутирање на нови поддржувачи“ рекол професорот Ли Марсден, експерт за меѓу народен тероризам од Универзитетот Источна Англија.

Радикалните милитанти кои стојат зад масовните погубувања поврзани се со иста цел- желбата да е формира исклучивоисламска држава, секој во својот дел од светот. Темел на оваа идеологија го поставува Ал Каеда, а го продолжија талибанците кои формира исламска држава во Авганистан. ПОведени по нивните примери, групите како што се Ал Шабаб, Боко Харам и ИСИЛ се обидуваат да немтнат ултраконзервативен исламски идентите како единствен пожелен и да ги прекројат картите на Средниот Исток и Африка.

Борби во околината на Багдад

Сунитската терористичка група Ислмаската држава во Ирак и Сирија (ИСИС) превзема контрола над големи делови од териториите на Ирак, вклучувајќи го и Мосул, втор по големина град во ова земја. Во најновиот напад на полициската станица североисточно од Багдад загинаа најмалку 44 затвореници. Според зборовите на тројца полицајци, до судирите дошло откако екстремистите упаднале во помал затвор и се обиделе да ослобат заробени сунитски екстремисти, а чуварите им се спротивставиле. Ирачката војска, меѓутоа, соопштила дека 52 затвореници загинале кога напаѓачите ја грнатирале станицата. Иако ИСИС во медиумите се претставува како гранок на АЛ Каеда, таа организација порекнува било каква врска со сунитските милитанти. „Ал Каеда не е одговорна за постапките на оваа група“ соопштиле од организацијата. Според зборовите на пребегнатиот потпретседател на Ирак, Тарек ел Хашемиј, ИСИС се сости од цел сектар на групи кои поседуваат многу пари.

Сирија: Погубување на цивили

Припадниците на ИСИС го искористија бунтото против Башар ал Асад да го заведат шеријатскиот закон во делови од земјата. ОН предупредија дека на северот се случуваат масовни убиства на цивили кои би можеле да се сврстат во воени злосторства.

ISIL_terrorist_act

Кенија: Убиени додека гледале телевизија

Сомалиската екстремистичка група Ал Шабаб ја превзема одговорноста за нападите во градовите Мпектони и Поромоко во кои се убиени околу 60 луѓе. Во прашање е одмазда за убиства на муслиманските свештеници во Момбаса во иминатите две години. Некои од жртвите се собрале да гледаат пренос од Светското првенство во фудбал. „Пукале во мојот маж во чело кога им откри дека е христијанин“, рекла една жена.

images

Нигерија: Заробиле Жени и деца во шума

Членови на организацијата Боко Харам минатат недела киднапирале 30 жени во истата оласт во која во април се случи киднапирање на повеќе од 200 ученички. Групата која се залага за воведување на шеријатското право ги крие жртвите во шумата и се заканува дека ќе го убие секој кој ќе се обиде да ги ослободи.

190111_Corpses_in_in_Damaturu_Yobe_state_June_2013.