Исламистите убија 20 војници и 40 цивили во Нигерија

Исламистичките милитанти убиле во саботата најмалку 20 војници и повеќе од 40 цивили а раниле стотици во два напада во североисточната нигерска сојузна држава Борно, известуваат за медиумите локалното население и борци на локалните милиции.

Нападите во областите на локалните самоуправи Монгуно и Нганзаи се случиле само неколку дена откако џихадистите во намад на село во областа Гуио убија најмалку 69 луѓе.

Двајцата хуманитарни работиници и тројца жители изјавиле за Reuters дека милитнатите вооружени со тешко оружје, вклучително и ракетни фрлачи, стасале околу 11 часот по локално време во Монгуно, центарот на меѓународните невладини одрганизации, каде што ги совладале државните сили, убиле најмалку 20 војници и ранилте стотици цивили.

Милитнатите, исто така, ги запалиле хуманитарниот центар на Обединетите нации за оваа област и локалната полициска станица. На жителите им делеле летоци на локалниот јазик хауса, предупрецдувајќи ги да не соработуваат со војската и со меѓународните хуманитарни организации.

Исламистите, исто така, во саботата влегле во Нганзаи во истото врем, според тамошното население и борц на Заедничките цивилни сили (CJTF). Дошле со мотоцикли и во камиони и убиле повеќе од 40 цивили, рекле изворите на Reuters. Засега нигериската армија не одговорила на барањето коментар за нападите.

Според последните процени на меѓународните организации кои се базираат на новински и извештаи на нигериските власти, терористите на Боко Харам кои ѝ изразија лојалност на екстремната сунитска група Исламска држава и дејствуваат како отранок за Западна Африка (ISWAP), во судирите меѓу Боко Харам и нигериските сили се убиени повеќе од 25.000 луѓе, а околу 2,5 милиони морале да ги напуштат своите домови.

Во Нигерија особено последните шест години дејствува радикалната исламистичка група која некои ја сметаат и за секта – Боко Харам основана во 2002 година, којашто настојува во северна Нигерија да формира исламска држава и се противи на западниот модел на образование што всушност и значи нејзиното име „Западното учење е забрането“ на локалниот хауса јазик. Групата стои зад повеќето терористички напади во градовите и масакри во руралните области на земјата.

Таа се смета за најголемата безбедносна закана не само за Нигерија, којашто е најбројната африканска нација чии околу 180 милиони жители се поделени речиси половично на христијани и муслимани, најголемата африканска економија и производител на нафта, туку и за соседните држави Чад и Нигер.