Исламската држава ја презема одговорноста за нападот во Ерусалим (ВИДЕО)

Thomas Coex, AFP

Ултарадикалната сунитска организација Исламска држава во саботата ја презема одговорноста за нападот во Ерусалим во кој ден претходно беше убиена израелска погранична полицајка, најавувајќи притоа нови напади, пренесе нејзината новинска агенција Amaq.

 

Израелските безбедносни сили убија во петокот тројца Палестинци кои изведоа два напата со оружје и ножеви, од кои во еден беше убиена израелска полицајка.

Нападите на палестинските сторители се изведени истовремено во две области на Дамашката порта од ерусалимскиот Стар град ограден со ѕид.

Полицијата ги застрелала двајцата Палестинци откако отвориле оган врз група израелски полицајци и се обиделе да ги прободат со ножеви. Во вториот напад Палестинец со нож усмрти гранична полицајка по што е застрелан од полицијата. Уште еден израелски полицаец е повреден во овие напади.

Бранот палестински улични напади започна во октомври 2015 година, но по стотината жртви оттогаш ослабе. Израел вели дека тоа насилство го поттикнуваат палестинските челници.

Палестинските власти, кои имаат ограничена самоуправа на Западниот брег (од реката Јордан), го негираат тоа и велат дека напаѓачите дејствуваат поради фрустрацијата којашто ја предизвикува израелската окупација на оваа област која Палестинците ја бараат на мировните преговори кои се во застој 2014 година.