Исламска држава ја уништи Триумфалната порта во Палмира

Сирискиот министер за антиквитети, Мамун Абделкарим соопштил дека џихадистите од Исламска држава ја уништиле Триумфалната порта, која е еден од најважните споменици во древниот сириски град Палмира.

Претходно, во истиот град џихадистите го уништиле и светилиштето посветено на богот Баал Шамин и 2.000 години стариот Храм Бел.

Палмира е под контрола на Исламска држава од мај оваа година, кога од него беа протерани владините сили, по што џихадиситте ги минираа спомениците и историските објекти.

Градот, вклучувајќи ги и четирите гробишта надвор од градските ѕидини, се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1980 година.