Исламска држава влезе во Македонија – МВР во голема акција

144

Исламска држава влезе во Македонија, заедно со бегалците од Сирија. Голема антитерористи акција на полицијата се одвива на неколку локации низ Македонија, за кои има сомневања дека се стационирани припадници на Исламска држава.

Според првичните неофицијални информации, акцијата на МВР е насочена против припадници на Исламска држава, кои врбувале македонски државјани да уечствуваат во паравоените формации на оваа исламистичка групација во Сирија.

Во склоп на акцијата полицијата врши претреси и апсења во повеќе градови. Досега во Скопје, во Струга и во Куманово се приведени неколку лица, а сеуште траат претреси во објекти во Гостивар, но и во други населени места.

ИСламска држава влезе во Македонија - МВР во акција, најавува детали
Исламска држава влезе во Македонија – МВР во акција, најавува детали

Полицијата влегла и во придружни објекти на џамија во Скопје, која подолг период е надвор од контрола на Исламската верска заедница.

МВР ги потврди информациите, но повеќе детали најави во текот на денот.

За учество во странски паравојски најмалку пет години затвор 

Со измените на Кривичниот законик, што беа изгласани од Собранието пред околу една година, се предвидува дека најмалку пет години затвор ќе одлежи секој оној кој ќе учествува во војна надвор од земјава.

Казната се однесува на секој кој создава, организира, регрутира, превезува, органзиира превоз, опремува, обучува или на друг начин подготвува лице или група за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи или поединечно, надвор од земјава.

– Со казна затвор од најмалку пет години ќе биде казнет и оној  кој директно или индиректно, нуди, дава, обезбедува, бара, собира или прикрива финансиски средства, фондови, материјални средства или опрема коишто ќе бидат наменети за извршување на кривичното дело од ваков тип.

Државјаните на Македонија, кои спротивно на закон ќе учествуваат или ќе се обучуваат од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи, надвор од територијата на РМ, ќе се соочат со затворска казна од најмалку четири години.

Казна со затвор од најмалку четири години ќе следи и за тој што спротивно на закон на собир, преку пишан текст, со аудио – визуелни снимки, преку социјалните мрежи или со кој било друг облик на комуникација ќе повика на ширење или ставање на кој било друг начин на располагање на јавноста порака, или врбува или поттикнува друг на извршување на наведените кривични дела. Со измените ќе биде казниво и помагањето како и обидот за извршување на овие дела, објави Нетпрес, лани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.