Исламска држава презеде одговорност за нападот на иранската воена парада

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот на воената парада во југозападниот дел на Иран, во кој загинаа најмалку 24 лица, а беа повредени повеќе од 50.

Ова го објави агенцијата „Амак“, пропагандниот орган на оваа екстремистичка организација.

Борците на Исламската држава нападнаа собир на иранските сили во градот Ахваз“, наведе „Амак“.

Иранската новинска агенција претходно објави дека во нападот, кој го оцени како терористички, загинале 24 лица, меѓу кои и жени и деца што биле меѓу посетителите, а 53 биле ранети.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.