Исламска држава убила 50 луѓе во Мосул поради обид за бегство

Терористите од Исламска држава во Мосул убиле најмалку 50 луѓе поради обид да побегнат кај ирачката војск, пренесуваат локалните медиуми.

Ирачката војска од февруари води офанзива на областите западно од Мосул кои и понатаму се под контрола на ИД, додека источниот дел од градот веќе во целост е ослободен, пренесува Спутник.

Според очевидци, терористите се пресметале со жителите на облстите Рас ел Џада и Мушхада во центарот на Мосул откако се обиделе да побегнат и да и’ се придружат на војската. Телата на убиените терористите ги оставиле да лежат на улица, наведуваат сведоци.

Терористите на ИД често користат цивили во Мосул како жив штит, а со убивање на заробените бегалци се обидуваат да го заплашат останатото население. Според податоците на Обединетите нации во зоните на воени операции и понатаму има најмалку 400 илјади луѓе.