Обама: Исламска држава ќе биде поразена

70

Неодамнешните територијални загуби на екстремистите во Ирак и Сирија покажуваат дека групата Исламска држава ќе биде поразена, изјави американскиот претседател Барак Обама.

Тој додаде дека САД ќе продолжат да спречуваат илегално финансирање на операции на ИД во светот, како и дека ќе сторат се за обука и опремување на умерените опозициски групи во Сирија.

Американскиот претседател изјави дека Вашингтон треба да прави повеќе за спречување на напади на своја територија и напорите на ИД да регрутира следбеници.

– Нашите напори во борба против тероризмот не смее да се насочат на една заедница поради нејзината религија или потекло, вклучително патриотските муслимански Американци, кои се наши партнери во одржување на безбедноста на земјата, истакна Обама.

Според Обама нема актуелни планови за испраќање на дополнителни војници на САД во странство. Американскиот претседател, исто така, потврди дека САД и нивните сојузници ќе бидат успешни во поразување на оваа милитантна група со ефикасни партнери на терен во Ирак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.