Исламската држава ја потврди смртта на ал-Багдади, именуваше негов наследник  

 

Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава потврдио во четвртокот дека нејзиниот челник Аби Бакр ал-Багдади е убиен, објави новинската агенција Amaq која ги пренесува весттие поврзани со оваа џихадистичка групација, во аудио-снимка по американскиот напад врз самопрогласениот калиф во саботата ноќта.

Како што пренесува агенцијата, како наследник на ал-Багдади, лидерите на џихадистите го именувале Абу Ибрахим ал-Хашеми ал-Курајши. Засега нема објавено поединости за неговата личност.

Ал-Багдади, ирачки џихадисти кој се прогласи во 2014 година за „калиф“ на сите муслимани како лидер на Исламската држава, беше убиен во акција на американските специјалци во северозападната сириска покраина Сирија, потврди во неделата америакснкиот претседател Доналд Трамп.

Исламската држава го потврди и убиството на портпаролот на ал-Багдади, Абу ал-Хасан ал-Мухаџир, за кого Трамп рече дека се сметал за наследник на лидерот на Исламската држава.

Арапските медиуми претходно оценуваа дека џихадистите Абу Абдел Рахман ал-Џезрауи Абу Осман ал-Фаранси, би можеле да ја предводат терористичката Исламска држава по смртта на новниот водач.

Некои медиуми, пак, наведуваа дека ал-Багдади недолго пред неговата ликвидација го пролгасил својот наследнил и според нив станува збор за ирачкиот туркмен Абдула Кардаш, кој бил најголемиот следбеник но и истовремено и најголем конкурент на ал-Багдади. Неговото вистинско име е Амир Мухамед Саид ал-Маул, и е пет години поблад од својот покровител. Кардаш се запознал со ал-Багдади во американскиот затвор, а исто така бил војник во војската на Садам Хусеун, а потоа го привлекле идеите на Ал Каеда.