Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз воен пункт во северен Ирак во вторникот, во кој загинаа командант и четворица војници, соопштија безбедносни извори. Исламската држава во соопштение на Telegram, чијашто автентичност не може да се провери, соопшти дека ја нападнала касарната со митралези и гранати.
Нападот се случи во понеделникот меѓу провинциите Дијала и Салахудин, рурална област која останува жариште на милитантните активности, неколку години откако силите на САД во Ирак прогласија конечна победа над екстремистичката група во октомври 2017 година. Безбедносните сили го одбиле нападот, соопшти Министерството за одбрана во соопштение во кое изразува сочувство до командантот и останатите загинати припадници на полкот. Безбедносни извори соопштија дека се ранети уште пет лица.
Ова преземање на одговротноста за смртоносниот напад, како и неколку претходни оваа година, од страна на Исламската држава доаѓаат во периодот кога ирачката влада започнува процес на отстранување на западната воена коалиција предводена од САД од земјата, откако тоа го соопшти во јануари годинава кабинетот на премиерот Мoхамед Шиа ал-Судани.
Процесот кој го започнаа САД и Ирак со разговори за завршување на мисијата на меѓународната воена коалиција во Ирак и нејзино замена со билатерални односи, беше закочен со војната во Појасот Газа. Амбасадорката САД во Ирак, Алина Романовски, кон крајот на јануари писмено му го пренесе ставот на САД на ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин, со кој САД се откажаа од условот дека прво треба да престанат нападите на шиитските милиции со проиранска заднина врз американските сили во Ирак, на кој Вашингтон одговори со ликвидација на некои од командантите на милициите.