Исламската држава може да стане закана за САД

Терористичката Исламска држава, покрај тоа што претставува закана за Ирак и земјите од регионот, таа може да стане и опасност за САД., вели шефот на Генералштабот на американската армија, генерал Мартин Демпси.

– Таа група е радикална во идеологијата. Користи безмилосни тактики и е затворена за сите освен за оние кои прифаќаат нивни поглед на светот. Исламска држава е директна закана за регионот, за нашите партнери, а исто така и за САД во долгорочна перспектива, изјави Демпси.

Тој додаде дека по наредба на претседателот Барак Обама, Здружениот штаб разработил стратегија со наччини за водење борба со терористите од Исламска држава.