Исламските верници во Мека го изведоа ритуалот на каменување на ѓаволот

Стотици илјади муслимански верници денеска во околината на Мека го изведоа ритуалот на каменување на ѓаволот, јави ДПА.

Церемонијата се одржа под засилени безбедносни мерки, при што голем број припадници на садиските сили за безбедност беа распоредени на мостот Џамарат во долината Мина, каде се спроведуваше обредот на симболично каменување на ѓаволот,

За да се избегнат инциденти, како оние од минатата година, припадниците на безбедносните сили ги пропуштаа верниците во помали групи за изведување на ритуалот кој е дел од традиционалниот аџилак.

При инциденти за време на ланскиот аџилак во Мека, според официјалните податоци на саудиските власти, загинале 769 верници, меѓутоа независни извори тврдат дека бројката на жртвите изнесувала околу 2.000.

Според саудиските власти во овогодишниот аџилак учествуваат околу 1,8 милиони верници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.