Исланд ремизираше со Аргентина, Меси не реализираше пенал

Во првиот натпревар од Грипата Д на Светското фудбалско првенство во Москва во неделата Аргентина и Исланд одиграа без победник 1:1 (1:1).

Исланд приреди изненадување откинувајќи ѝ бод на фаворизираната Аргентина во натпреварот кој ќе остане запаметен единствено по ударот од единаесет метри кој во 65 минута не го реализираше Лионел Меси, всушност неговиот удар го одбрани јунакот на мечот, исландскиот голман Ханес Халдарсон.

За Аргентинците стрелец беше Сехио Агуеро веќе во 19 минута, кога се чинеше дека четата предводена од Меси ќе стаса до убедлив триумф на стартот од шампионатот. Меѓутоа, Исланд својот историски прв гол на светските фудбалски првенства го постигна по само четири минути, а во историјата се впиша Алфред Финбогасон во 23 минута.

За Исланд ова беше првиот натпревар на светските првенства и со 332.000 жители стана најмалата земја којашто некогаш настапила на мундијалите, соборувајќи го досегашниот вакво рекорд на Тринидад и Тобаго. Со овој резултат Исланд ја продолжи својата феноменална низа почната на Европското првенство во 2006 година каде што беа најголемото изненадување, а против Аргентина успеаја да останат непоразени благодарејќи на одличната и фанатична одбрана, но во прв ред и затоа што Меси очигледно немаше свој ден. Аргентинците имено имаа дури 26 удари кон голот на противникот и 75 отсто од поседот на топката.

Аргентина имаше шанса уште во 8 минута кога Таљифако по слободниот удар и нафрлувањето од Меси со глава шутираше неколку сантиметри од исландскиот гол, а во 10 минута Бјарнасон испушти да казни голема грешка на аргентинската одбрана, кога неочекувано доби топка сосем сам во близина на противничкиот гол но шутираше покрај него. Во 17 минута Меси првпат шутираше на ова првенство, но Халдарсон беше присебен. Во 19 минута Аргентина поведе откако Рохо упати слаб удар но го скроти Агуеро, се ослободи од својот чувар и неодбранливо од десетина метри го погоди горниот агол на исландскиот гол. Набрзо Исланд успеа да израмни кога аргентинската одбрана повторно згреши и не успеа да ја отстрани опасноста од с пред својот гол. Сигурдсон нафрли, а голманот Кабаљеро кусо одби, но точно на ногата на Финбогасон кој непречен лесно го постигна историскиот гол за својата земја. До крајот на полувремето Аргентина напаѓаше, но вистинската шанса ја имаше Исланд кога во 45 минута Финбогасон упати прецизен удар кон долниот лев агол, но овојпат Кабаљеро со врвот на прстите спречи погодок.

Во 63 минута бекот на Исланд Магнусон невнимателно го собори Меза, а полскиот судија досуди пенал за Аргентина. Но ударот на Меси го одбрани Халдерсон кој ја погоди страната. Опсадата на исландскиот гол продолжи, но очигледно нервозниот Меси лошо изведе и два слободни удара од 20-ина метри, а најблиску до гол беше во 81 минута кога шутираше веднаш крај стативата. Во 84 минута кај „Гаучите“ влезе Гознало Игуаин, но вистинската шанса ја имаше три минути подоцна Павон чиј удар Халдарсон го одбрани. Во 92 минута Меси повторно не погоди, а во последните секунди не искористи уште еден слободен удар од дваесетина метри.

„Знаевме дека сме во тешка група во којашто нема лесни противници. Во преостанатите две средби мора да играме поразновидно во нападот, тоа против Исланд ни беше проблем. Не е проблемот во тоа што Меси не реализираше пенал, тоа се случува и таков е фудбалот. Мораме повторно да најдеме самодоверба и морам да ги убедам своите играчи дека можеме да го победиме секого“, рече по натпреварот аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.