Исландските ледници се намалиле за 750 квадратни километри

71

Исландските глечери, на коишто им се заканува целосно исчезнување до 2200 година, веќе загубиле површина од 750 квадратни метри од почеткот на 2000 година, или 7 отсто од вкупната површина, поради климатското загревање, според истражувањето чии резултати беа објавени во понеделникот во списанието Jokull (ледник на исландски).

Вкупната површина на ледницие кои уште прекриваат малку повеќе од 10 отсто од површната на оваа островска земја, паднала во текот на 2019 година на 10.400 квадратни километри, според написот во споменатото научно списание.

Од 1890 година површината на исландските глечери се намалила за близу 2.220 квадратни километри или за 18 отсто. Меѓутоа, близу третина од тоа намалување се одвивало од 2000 година, според последните податоци на исландските експерти за ледници, геолозите и физичарите.

Повлекувањето во двете последни децении ја претставува вкупната површина на Хофсјекидл (Hofsjökull) од 810 кадратни километри, третата најголема ледничка капа на овој остров во северниот Атлантик.

„Промените на површината на ледниците на Исланд од 1890 година покажуваат јасен одговор за климатските промени. Промените во целата земја главно биле истовремени, иако силните движења на мразот и вулканската активност под мразот влијаат на некои области“, истакнуваат научниците.

Исланд во 2014 година го доживеа првото исчезнување на еден од своите леници – Окјекидл (Okjökull), што се припишува на глобалното затоплување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.