Исплатата на социјална помош и детски додаток ќе се врши од 2 до 4 јуни

Македонската банкарска асоцијација инофрмира дека банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита.

Сите корисници на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитни картички, ќе располагаат со средствата, преку банкоматите и во трговската мрежа од вторник, 2 јуни 2020 година.

За корисниците кои не користат картички, како што е соопштено и овојпат исплатата ќе се спроведе во групи, во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
4 јуни (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
МБА апелираа клиентите на банките коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до утврдениот распоред и апелираме при нивната посета на филијалите и експозитурите да пополнат барање за изработка на дебитна картичка со што ќе имаат лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време и потребата од физичкото присуство ќе биде помала.

Дополнително од МБА, потсетуваат дека при посета на филијалите и експозитурите треба да бидат запазени сите препораки за заштита на здравјето односно клиентите на банките треба задолжително да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласно со насоките.