Исплатата на штетите во Охрид оди по партиска основа

81

Владејачката СДСМ и вршителот на должноста градоначалник на Охрид од оваа партија, КонстантинГеоргиески се однесуваат како општината да е нивна приватна фирма, па исплатата на штетите ја спроведуваат по партиска основа и на лица кои не пријавле оштетувања, рече на прес-конференцијата во петокот Сашо Донев, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Георгиески во недостиг на идеи, проекти и желба за работа се фали и ја замајува јавноста со процедурални активности кои тој и да не сакаше, стручната администрација и истражните органи мораа да ги преземат, рече Донев, и го повика привремениот градоначалнил да одговри на прашањето кој овозможил исплата на финансиски средства од државниот Буџетот на лица кои не се баратели на штети.

„Георгиески наместо стабилна и услужна општина за сите граѓани дозволи неа да ја треси финансиски земјотрес. Дали е точно дека спротивно на закон, се исплатени парични средства на име надомест на штета од земјотрес, во износ од над 30.000 денари, на лицето Илија Пиперкоски, таканаречен шеф на кабинет на градоначлникот кој е надворешно лице ангажирано во општина Охрид, иако не е подносител на барање за причинета штета од земјотресите во Охрид?“, праша Донев.

Го советуваше в.д. градоначалникот, доколку работи во интерес на граѓаните, да побара од Пиперкоски, да ги врати назад исплатените без основ парични средства.

„Дали случајно епицентарот на земјотресот беше лоциран во куќата на Илија Пиперкоски, на кој му е проценета и исплатена драстично повисока штета во споредба со другите граѓани на кој им се исплатени по 2.000 до 3.000 денари? Охриѓани најтранспарентно треба да знаат кој колку пари зел за оштета. Дали исплатите се вршат на лица кои од позиција на моќ даваат налози за такви исплати?“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Оцени дека на овој начин СДСМ и Георгиески се однесуваат како општината да е нивна приватна фирма, па исплатата на штетите оди по партиска основа.

„За овој криминал обелоденет од страна на ВМРО-ДПМНЕ тие мора да сносат одговорност затоа што најмногу страдаат охриѓани кои и после две години не зеле пари за да ги санираат објектите. Гледајќи го овој криминал охриѓани нема да премолчат и за брзо ќе победат, а СДСМ ќе биде поразен заради сите овие неправди коишто им ги нанесува на граѓаните“, заклучи Донев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.