Исплатена мартовската пензија на пензионерите

Министерството за финансии денеска ја исплати мартовската пензија, па така на сметките на 285.637 пензионери префрлени се три милијарди 566 милиони денари.

Минатиот месец пензиите беа покачени за 600 денари. Со тоа просечната пензија е зголемена за 62 проценти во однос на 2006 година и сега изнесува 12.450 денари.

Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно првата недела во месецот.