Исплатени 617,6 милиони денари за фармерите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на сметките на 11.785 субјекти исплати близу 617,6 милиони денари за субвенции. Станува бор за исплата на субвенции за фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметките имаат и сите фармери кои задржале женско јагне.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека со оваа исплата префрлени се и средства за 206 тутунопроизводители кои во минатиот период ги подмирија долговите за вода и пашарина. На сметките на тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020. 

– Во наредните денови се очекува да се исплатат субвенциите за засеани површини со сертифициран семенски материјал, а ќе следи и исплата на сите кои ги исполниле условите за добивање финансиска поддршка за мерка 2.17 директни плаќања за регистрирано презимено пчелино семејство. Во текот на наредната недела продолжува обработката на барањата за произведено и предадено млеко, по што сите кои ги исполниле условите ќе им биде исплатена финансиската поддршка – информира Бачовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.