Исплатени 8 милиони евра по основ на вратен ДДВ од скенирани сметки

51

Во првото тримесечје преку Управата за јавни приходи (УЈП) на сметките на граѓаните  исплатени се вкупно 491,5 милиони денари или 8 милиони евра, по основ на вратен дел од ДДВ од скенирање на фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“.

Од УЈП информираат дека, средства се исплаќаат и кај оние корисници кои во текот на изминатите месеци направиле корекции на трансакциските сметки и истите ги ажурирале во нивниот кориснички профил. Затоа, УЈП апелира, граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата ,,Мој ДДВ” со цел навремена исплата.
Крајната горна граница на исплата која граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ“ е 1.800 денари за едно тримесечје, или 7.200 денари годишно по лице.
„Согласно статистиката на УЈП, од јануари до март 2022 година, скенирани се 73.041 591 фискални сметки. Интересот на граѓаните за користење на оваа мерка секојдневно расте, и само во првото тримесечје од годинава регистрирани се нови 15.777 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“. Вкупниот број на регистрирани корисници на „Мој ДДВ“ досега изнесува 457 090′, соопштија од УЈП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.