Исплатени околу 6,9 милиони евра како поврат на ДДВ од скенирани фискални

Управата за јавни проходи ги објави податоците за првите две тримесечја од минатата година, од почетокот на акцијата „Мој ДДВ“, односно откако се воведе можноста да се направи поврат на ДДВ преку скенирањето на фискалните сметки, 1 јули минатата година.

Корисници на апликацијата биле 213,575 граѓани, се скенирале преку 52 милиони фискални сметки, а сумата на пари кои биле вратени кај граѓаните изнесува 6,892,000 евра.

Од УЈП велат дека повратот на средства од скенинари сметки за октомври, ноември и декември 2019 година ќе биде исплатен во текот на февруари годинава.