Исплатени субвенции на 2.127 земјоделци

Исплатени субвенции на 2.127 земјоделци.  Владата на овие земјоделци им исплати 32,69 милиони денари субвенции за повеќе мерки.

Како што информираат од Министерството за финансии на 2.025 сточари исплатени им се 27,5 милиони денари и тоа: 23,2 милиони денари на 1.933 земјоделци за производство и продажба на овчо, кравјо и козјо млеко, 2,26 милиони денари за одбележани грла овци, 1,3 милиони денари за одбележани грла говеда и 761 илјада денари за женски приплодни грла маторици.

Исплатени субвенции на 2.127 земјоделци
Исплатени субвенции на 2.127 земјоделци

Исто така исплатени се 2,89 милиони денари за постоечки овошни насади, 2 милиони денари за постоечки лозови насади, 155.450 денари за поддршка на полјоделството и 21.828 денари за градинарско производство на отворено и пластеници.