Испорачан првиот милион во Среќни коцки

Задоволството од играње  на друштевната игра јамб во облик на Интстант лотаријата Среќни коцки  донесе радост во пакет со фантастични еден милион денари. Првиот милион во оваа инстант игра на среќа на Државна лотарија на Македонија е освоен на 15-ти февруари. Среќната грепка е купена во продажното место Бартон во Тетово. Она што е интересно е дека оваа добивка ја делат тројца другари кои воедно биле и колеги на работа.

Тие се договориле, сите да купат инстант грепки, а во случај некому да му се падне нешто, добивката се дели на три дела. На радоста и немало крај, кога откриле дека добивката од Среќни коцки е точно еден милион денари.

Само за потсетување, Државна лотарија на Македонија неодамна ја лансираше и оваа игра на среќа во Инстант лотариите, Среќни коцки. Под мотото Сврти јамб за милион, оваа игра им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можноста да освоите добивка која веднаш може да си ја однесете дома.

Вкупниот фонд на добивки во оваа инстант лотарија е 25 милиони денари, а секој трет лоз е добитен. Еден инстант лоз чини 40 денари.