Испораките на „професионалните“ iPhone 13 ќе бидат одложени за еден месец

Таканаречениот „професионален“телефон iPhone 13 веројатно во рацете на првите купувачи ќе се најде подоцна отколку што вети производителот Apple на презентацијата на новата генерација паметни телефони, пренесува инсајдерскиот портал Gizmochina.

Како што дознава ресурсот, корисниците кои се обидуваат да ги набават моделите iPhone 13 Pro и Pro Max во САД и во Велика Британија, се соочуваат со промена на датумите за почеток на испораката. Така, веб-страниата на Apple оценува дека испораката на овие модели ќе биде за неколку седмици, од 18-ти до 25-ти септември.

За другите поголеми пазари, сѐ уште не се достапни регистрациите за набавка на новите модели, а според најавата тоа ќе биде можно од 24-ти септември, кога и ќе бидат познати вистинските датуми за испорака на уредите.

Сите нови телефони iPhone од новото поколение се зајакнати со процесорот А15. Моделите Pro добија екрани Super Retina XDR ProMotion со  честина од 120 гигахерци. Исто така, добија и обновена камера.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.