Исповед: „На моите им рекоа дека ќе ми го слават роденденот на гробишта“

Поранешен припадник на една секта која делувала во околината на Белград зборува за тортурите кои ги доживеал, како на неговите родители им се заканиле дека неговиот нареден роденден ќе го прослават на гробишта.

На крајот куќата во која секташите се собирале изгорела во пламен. Тој е пример како е можно да се извлечеш од канџите на сектата и отворено зборува за своето искуство.

Во мирното село Бели Поток се било идилично до 2003-та година. Тогаш се појавило здружението „Санатан“, кои многумина го окарактеризирале како секта. На крајот дошло до голема побуна на мештаните, а куќата во која тие се собирале е каменувана и запалена. Членовите на сектата се отселиле од ова место.

Приказната за тогашните настани ги обиколи медиумите ширум свтот, а реагирала и Владата на Србија. Тогашниот министер за човечки и малцински права, Расим Љајиќ, разговарал и со Драгана Букмировиќ, која се наоѓала на чло на оваа организација, како и со мештаните на Бели Поток.

Своја верзија на приказната има и Александар Стричевиќ, сега слободен уметник и активист, а некогаш жител на ова село.Неговите први допири со сектата дошле преку Интернет, а потоа почнале закани преку мејл, писма, следење.

-Да, вистина е, заканите почнаа во моментот кога ја прекинав комуникацијата со нив. Мојот проблем беше што бев премногу исплашен, а покрај тоа и премногу ангажиран на нивните онлајн проекти и со самото тоа знаев премногу за нив, повеќе отколку што им одговараше. Започнаа со мејлови со заканувачка содржина, во истите мејлови можев да видам податоци за себе и за семејството кои ми ги испраќаа за да ја увидам сериозноста на нивните закани. Продолжија со телефонски повици. Се сеќавам дека прв трчав до телефонот бидејќи не сакав мојата мајка да се јави и да ги чуе заканите. Тоа траеше со недели се додека не сфатив дека ме следат.

Дури добивав и снимки и фотографии од себе како се движам во училиштето. Сфатив дека не можам да ја кријам тајната и дека морам да им кажам на родителите што се случува. Постои основано сомневање дка зад сето ова стоело здружението „Санатан“ со која стапив во контакт во август во 2012 – та година, раскажува Стричевиќ.

Тој тврди дека е можно да се извлече од канџите на сектата и да се стане подобар човек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.