Исповед: „Велев дека ќе одам на кафе, а одев на црна миса на гробишта“

Силувања како ритуал, убиства, црни миси се само дел од искуствата на осумнаесетгодишниот Натан Мирковиќ од Хрватска кој тврди дека три месеци бил член на сатанистичка секта во околина на Загреб.

Својата приказна ја раскажал на екипата на dnevnik.hr, која барајќи нови податоци за исчезнатиот Натан кој исчезнал кон крајот на месец февруари стапила во контакт со Хрватот чиј идентитет не е откриен.

-Ноќта кога исчезна Натан, мојот живот застана, изјавила мајката на Натан, Јармила Манхеим, при тоа признавајќи дека секојдневно ги проверува напуштените места во близина на нејзиниот дом, се со цел да го најде својот син. Иако полициската истрага досега не дала никакви резултати, сепак екипата на dnevnik.hr во соработка со пензиониран полициски службеник успеала да дојде до неверојатни податоци.

Сатанистичка молитва на комјутерот на Натан, сигналот од мобилниот телефон, како и сведоштвото на девојката на Нетан за неговите обреди индицираат на тоа дека тој бил член на сатанистичката секта, односно дека истата има врска со исчезнувањето на младото момче. Наводно, во компјутерот на Нетан била пронајдено писмо од наводниот водач на сектата, кој пак му ги објаснувал на Нетан правилата низ кои мора да помине, како обредот на крштевање, изрезан знак (превртен крст) на рака….

Ваквите ритуали ги потврдил и 18 годишниот Хрват кој тврди дека два пати неделно морал да се појави на црните миси кои се одржувале на гробиштата во Загреб.

-Водев двоен живот. Велев дека ќе одам на кафе или на тренинг, за да можам да отидам на црна миса, открил тој, при тоа додавајќи дека на црните миси имало многу малолетни лица “чиј мозок е испран”.

-Доколку некој од нив признае дека му е страв, тогаш водичите им нудеа марихуана за да се смират.

Според експертите пак, не станува збор за секти, туку за добро организиран криминал каде тинејџерите се обични марионети.

-Тие не добиваат целосни информации за тоа што се очекува од нив, туку се привлечени од одредени приказни, тајни состаноци и слично….нешта кои на тинејџерска возраст им изгледаат интересни, за да потоа мораат да продаваат дрога, да учествуваат во оргии и слично, изјавил за dnevnik.hr психологот Небојша Будањов.

Сектите се шират на Балканот. Дел заради социјалната ранливост и намалување авторитет од училиштата, родителите и институциите, а поголем дел заради примена на научни и од нивна меѓународна пракса научени и проверени методи кои сектите ги применуваат за навлекување на младите, и луѓе во кризни ситуации, кои привлечени од лажната надеж стануваат заробеници на групи кои сектите ги сочинуваат, и кои немаат никаква одговорност пред јавноста и законот.

Кај нас најраспространета секта е Саентологијата, која последниве години се соочува со сериозни акции на државите во Италија, Германија, САД… заради ментално заробеништво на членовите, тортура врз нив, финансиски прекршоци и злоупотреба на лични и приватни податоци до кои доаѓа преку информации од своите членови.