Исповест на хрватска моделка: Како се омажив за 25 години постар милјардер

Мелита Фабечич е модел и хрватски Мис Универзум за 2013 година, а Олександр Онишенко е бизнисмен, поранешен заменик-министер за кризни ситуации на Украина, член на парламентот, сопственик на модна агенција и на фудбалскиот клуб Арсенал Киев.

Вистина е, се чувствувам како во бајка, среќна сум и заљубена. Мојот сопруг и јас се сретнавме  неколку месеци пред тоа, сепак, венчавката се одржа на брзина, речиси невозможно брзо. Венчавката во било која институција бара време па така, листата на чекање во Киев е толку голема што треба два месеци однапред да земете термин, ако барате одреден датум. А ние нашата венчавка ја организиравме во малку повеќе од една недела. Не можам да кажам дека тоа беше љубов на прв поглед, но може да се каже дека во запознавањето навистина имаше нешто и дека мојата искреност го освои, раскажува поранешната Мелита Фабечиќ (21), која пред неколку дена се омажи за 25 години постариот украински милијардер Олександр Романович Онишенко.

onishenko

Менува презиме

Новопечената госпоѓа Онишенко, која сега веќе го менува презимето на документите, е победничка на хрватскиот Мис Универзум за 2013 и модел кој поседува неверојатна сличност со Хрватска Адријана Лима. Избраникот на нејзиното срце е наводен миленик на поранешниот украински премиер Виктор Јанукович, кому во мандатот од 2007-2014 му беше помошник-министер за вонредни ситуации, а актуелно е заменик е во парламентот, сопственик на модна агенција и сопственик на фудбалскиот клуб Арсенал Киев, што го купи пред две години. Фудбалот е неговата нова играчка, или хоби со кое се занимава наместо со јавање. Тој со јавање се занимаваа со години, а се натпреварувал и на Олимписките игри во 2008 и 2012.

Јас не сум тип на девојка која ја прилагодува вистината на другите. Јас имам свои мислења и ставови. Всушност, нему девојките  не му одолеваат, додека од друга страна јас не бев толку импресионирана на прв поглед, да речеме, поради парите, и ова е една од главните вредности што таков човек како го цени кај млада девојка, знам. Мојот сопруг и јас се сретнавме на едно од патувањата. Добив можност да видам еден од коњичките клубови, да ги запознаам Олимписките јавачи и најдобро обучените коњи во светот. Во странство јавањето мошне се цени и ако знаеш да јаваш веднаш си „едно ниво погоре“. Се покажав како вешта и сите ги импресионирав. Воочив дека сите ме посматраат, па Олександр ми пријде и ми даде комплимент дека изгледам мошне грациозно, дека ми одговара неговиот коњ кој по природа е многу див, за што јас незнаев. Потоа се почегува дека сум успеала да направам чудо, да го скротам коњот што само тој успева да го контролира. Тоа беше нашето запознавање. Воглавно, ме освои со одлучноста, ставот и одбрабеноста. Просидбата беше мошне романтична, ме праша на хрватски јазик дали сакам да се омажам за него и навистина околу тој чин мошне се потруди, а за мене тоа беше голем шок, пишува оваа девојка од Загреб.

Мајката не присуствувала

На венчавката во Киев не присуствуваа нејзините родители и семејството. Иако тој претходно беше во врска со други познати жени, како што е Мартина Хингис, наследничката на престижниот синџир хотели Парис Хилтон и украинската манекенка Снејана Онопко, како и во брак со Мис Украина, Ксенија Кузменко, него го бие глас дека е повлечен и скромен човек кој не сака беспотребно да ги троши парите. За тајната венчавка се дознало кога таа на социјалните мрежи се пофали со лист и фотографија во неговите прегратки.

Моите роднини и пријатели ќе бидат поканети на прославата што ја подготвуваме за пролет, јас се сомневам дека тоа ќе биде во Киев и во Загреб, сеуште ги разгледуваме локациите. Свадбата не беше во Православната Црква, како во Хрватска тоа беше погрешно пренесено. Нему овој чин многу му значи, па пред венчавката во Киев ме запозна со сите, ме однесе во црква, се прекрсти и ми ја покажа околината. Ми рече дека ова е навистина мој избор, тој би сакал да одиме по тој пат, но, исто така, истакна дека ме прифатил таква каква што сум. Моите блиски го запознаа, бидејќи пред свадбата тој дојде со мене во Хрватска. Пријатно беа изненадени од него и неговата пристапност како и од за мене и за сите што ги сакам. Знаат каква сум и дека за ништо не би направила лош избор. Јас го запознав и неговиот син единец со кого тој многу се гордее. Веднаш ме претстави како негова сопруга. Моето име сега е Мелита Онишенко. Имам доста планови, а во овој миг ми е најважно да работам на себе си, многу да учам и да сер надоградувам. И понатаму имам своја визија, цели, поради што на бракот гледам само како на плус затоа што покрај себе имам личност која ми е потпора во се, поради која сакам да бидам подобра, бидејќи тој навива за мене. Нема толку да се фокусирам на моделинг. Мојот сопруг и јас одлично се разбираме и имаме слични погледи на се. Убаво ми е додека сум со него и навистина сакам да му бидам оаза на мирот и на поддршката, да бидам во се со него и покрај него. Тој запознал многу девојки, топ модели, мисици, како и спортистки, угледни дами, па сигурно ми ласка што од сите нив ме избра баш мене и баш јас сум таа посебна за него, открива Мелита.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.