Испрала ли обвинителот Лиле Стефанова 70.000 евра со купување на стан?

Kaко до стан од 70.000 евра е прашањето кое си го поставува секое македонско семејство кое го нема решено своето станбено прашање.

Очигледно обвинителката Лиле Стефанова го има одговорот на ова прашање имајќи во предвид дека се стекнала со имот вреден 70.000 евра, поточно стан купен на име на нејзината невработена ќерка кој бил исплатен во период од само една година. Во случајот како купувач на станот се јавува лицето Рената Стефанова од Радовиш, ќерка на Јавната Обвинителка од Радовиш, Лиле Стефанова. За ова склучен е Договор за купопродажба на недвижност склучен помеѓу компанијата „Адора Инженеринг“ ДООЕЛ Скопје , како продавач и Рената Стефанова од Радовиш како купувач, објавува порталот „Инфомакс“.

Toкму за овој случај Државната комисија за спречување на корупција отвори постапка по допрен глас против.

Обвинителката Лиле Стефанова во периодот 2015-2016-та година се стекнала со имот, стан на кој продавач е компанијата „Адора Инжењеринг“.

Дополнителен сомнеж за овој случај фрла и фактот дека ниту Стефанова, ниту нејзината ќерка зеле кредит во периодот кога е купен станот. Она што е интересно е тоа што Стефанова, според податоците на кредитното биро, нема минусно салдо на ниту една од нејзините кредитни картички, што го поставува прашањето од кои пари живее обвинителката ако не ја троши ниту нејзината плата.

Антикорупциска отвори случај, но мора докрај да го истражи ова сомнително финансиско однесување на обвинителката во поранешното СЈО кое пропадна поради случајот „Рекет“ во кој милионски суми беа рекетирани од бизнисменот Орце Камчев.

Повикувајќи се на сопствени информации, порталот Инфомакс објавува дека во текот на 2015 и 2016 година во целост е исплатена купопродажната цена за нов стан, во вкупен износ од 4,480.525 денари со пресметан ДДВ или околу 70.000 евра од страна на купувачот Стефанова.

Легализирирањето на пари за кои се нема потекло преку купување на недвижен имот е добро познат метод за перење пари. Останува отворено прашањето дали покрај антикорупциска истрага за финансиското однесување ќе отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција, пишува Инфомакс.