Иста плата за 4 работни дена во неделата, Велика Британија почнува да тестира идеален модел на работно време 

Најголемиот тест започнува во Велика Британија и ќе трае пробно шест месеци. Оние кои ќе бидат вклучени во овој голем проект, ќе работат 4 дена во седмицата наместо 5 дена, а ќе земат 100 отсто од платата. Ќе се тестира модел за кој се верува дека ќе им помогне на работниците, на животната средина, па дури и на компаниите, со верување дека е тоа работен модел е иднината.

Ќе се тестира работната ефикасност при скратени работни денови во седмицата, а без никаква загуба на платата. Шестмесечниот пилот проект – е организиран од непрофитната асоцијација 4 Day Week Global, во соработка со истражувачи од Универзитетите Кембриџ и Оксфорд и Бостонскиот колеџ – кој има за цел да тестира дали ако се работи 4 дена во неделата наместо 5, ќе се зголеми продуктивноста на 100%, а со тоа и заслужена плата од 100%.

Истражувачите ќе работат со компаниите-учеснички во проектот за да го измерат, не само нивото на продуктивност, туку и благосостојбата на работниците, влијанието врз животната средина и родовата еднаквост.

Ова е „историска студија“ , според Џулиет Шор, професорка по социологија на Бостонскиот колеџ. „Ќе анализираме како вработените реагираат на дополнителен слободен ден, во смисла на стрес и исцрпеност, задоволство од работата и животот, здравје, спиење, употреба на енергија, патување и многу други аспекти од животот“, рече тaa.