Истанбул доби ново импресивно здание високо 369 метри, од врвот се гледа и Европа и Азија (ФОТО)

Турската метропола Истанбул доби нова футуристичка радио-телевизиска кула висока 369 метри.

Дизајнирана е од компанијата „Меике Алтинисик сркитектс“ (MAA), а нејзината сенка се менува кога ќе ја погледнете од различни агли, односно од различни делови на градот. Покрај тоа, оние што ќе се качат на кулата можат да ја видат и Европа и Азија…

Импресивната зграда содржи околу 125 предаватели за емитување, а има и двокатен ресторан и тераса за панорамски поглед на оваа огромна метропола, каква што е Истанбул.

Во кулата се организираат и изложби, а другото е медиумски простор, угостителски објекти и друго. Лифтовите се поставени на надворешноста на конструкцијата и ги искачуваат посетителите на висина од 180 метри. На врвот на кулата се наоѓа челичен јарбол висок 145 метри, поставен на бетонско јадро високо 203 метри. Се на се, ако се земе предвид и надморската височина, врвот на кулата достигнува 589 метри.

Се разбира, и влијанието на ветерот се зел предвид за време на изградбата, во однос на стабилноста на ова здание.

Кулата е спој од иновативна архитектура и инженерство, а со цел да го претстави чувството за движење и промена што ги отелотворуваат рељефот, топографијата, но и културата на Истанбул. Кога станува збор за телекомуникациите, кулата работи од ноември 2020 година, а оваа пролет ќе ги отвори вратите за јавноста.