Истекува рокот за доставување податоци од фирмите кои тргуваат со земјоделски производи

Казната за неисполнување на оваа законска обврска е 1.500 евра.

Истекува рокот за доставување податоци од фирмите кои тргуваат и преработуваат земјоделски производи. На почетокот на секоја година тие мора да пријават колкави количества храна ќе купуваат од земјоделците, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според МЗШВ, откуп на земјоделски производи може да вршат само правни лица кои се регистрирани за трговија и за преработка во Министерството.

Триесет дена пред почетокот, трговецот мора да го пријави и местото каде што се наоѓа откупниот пункт заедно со истакнати откупни цени. Продажбата, исто така, мора да се врши со писмен договор меѓу купувачот и земјоделецот. Фирмата што купува мора да има објекти и опрема за преземање, сортирање, складирање и чување на земјоделските производи. Доколку нема сопствени, пунктовите кои ги користи откупувачот мажат да бидат позајмени или закупени, објаснуваат од Министерството.

Во МЗШВ се регистрирани околу 700 правни лица кои се занимаваат со оваа дејност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.